Скромни три поени за Нено во новата победа на Баерн

34
ФОТО:.facebook.com/fcbayernbasketball/

Баерн (М) останува неприкосновен лидер во германското првенство и по 32. коло во кое на домашен терен извојува тесна победа над екипата на Вехта со 90:88. Нашиот репрезентативен „плеј“, Ненад Димитријевиќ имаше скромен учинок на мечот од 3 постигнати поени за нешто повеќе од 13 минути кои ги помина на теренот.

Статистички Нено имаше и 3 скока и 5 асистенции.

Ова беше 27-мата победа за Баерн во домашното првенство во кое има само пет порази.

ПретходноМанчестер Ј. го доби лудото дерби со Ливерпул на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)
СледноЈакимовски двоцифрен во многу важната победа на Тренто