Струмица 2001 направи прв чекор кон пласман во Супер лигата

73
фото: mkd.basketball

Кошаркарите на Струмица 2001 обезбедија убедлива победа од 84:69 против Бутел на стартот на финалната серија од доигрувањето во Првата македонска лига, кое треба да го даде новиот член на Супер лигата. На свој терен, струмичани беа убедливи, поведувајќи со 1:0 во серијата.

Освен во првата четвртина се друго беше на страна на домашните кошаркарки.

Гостите од Бутел водеа со (17:16), во првата четвртина, но во продолжението на играта, струмичани брзо дојдоа до солидна предност. До крајот на првото полувреме, поведоа со (42:35), а на истекот на третата делница, разликата беше уште поголема, двоцифрена (59:49), и недостижна за гостите од Скопје.

Се покажа како доволна за првиот успех на струмичани во оваа серија која го промовира новиот член во суперлигашката конкуренција.

Д. Пандев со 21 поен го предводеше својот тим кон првиот успех во серијата. Александровски постигна 15 поени, Масевски 13, а Јовановиќ уште 11. Во гостинската екипа, Атанасов се врати со реализација на 22 поени, заигра и Киров, кој постигна 15, Мартиноски имаше 14, а Јанески уште десет поени.

Екипата на Бутел ќе биде домаќин на вториот меч од оваа серија која се игра до две победи.

ПретходноНајубавата спортска приказна викендов: Подолски на 40 години го освои Купот со својот клуб од детството!
СледноКаква сезона за Италијанецот: Антонели прв и на ГН на Мајами