Каква сезона за Италијанецот: Антонели прв и на ГН на Мајами

109
фото: Formula 1 (X)

Италијанецот Кими Антонели е победник на трката за Големата награда на Мајами, четвртата трка во сезоната во Формула 1 шампионатот. Антонели со тоа оствари неверојатни три последователни победи во Формула 1.

Антонели во Мајами ја продолжи својата сезона од соништата. Со својот Мерцедес, иако пријави некои проблеми на средина од трката, Антонели успеа да излезе како победник од бројните битки со Шарл Леклер, Ландо Норис и Макс Верстапен.

На второто место се пласираше Ландо Норис со Мекларен, а трет Оскар Пјастри, кој успеа да се искачи на подиумот во последниот круг. Џорџ Расел ја заврши трката на четвртото место, пред Макс Верстапен и Шарл Леклер, кои на крајот загубија сè што можеа во поголемиот дел од трката.

Топ десет на крајот гокомплетираа Луис Хамилтон, Франко Колапинто, Карлос Саинц и Алекс Албон.

ПретходноСтрумица 2001 направи прв чекор кон пласман во Супер лигата
СледноКрива Паланка на само една победа до шампионската титула