Тодороски со два гола и донесе реми на ТСЦ Бачка Топола

55

27-годишниот играч за врска на екипата на ТСЦ Бачка Топола, Андреј Тодороски, кој наскоро би требало да го облече и дресот на македонската фудбалска репрезентација, вечерва имаше гол-шоу во српската Суперлига, откако на гостувањето во Крагуевац со два гола му обезбеди реми на својот тим.

Во натпревар во кој домашните водеа со 2:0, во вториот дел на сцена стапи Тодороски кој со головите во 52. и 64. минута (од пенал) им донесе реми на гостите. Тодороски веќе има 8 гола зад себе оваа сезона во српското првенство, каде Бачка Топола со овој бод останува надвор од зоната за испаѓање.

ПретходноКарик го “краде“ помошникот на Компани?!
СледноТотенхем ја оствари најважната победа сезонава во борбата за опстанок!