17-годишниот Албан Шабани, моментално член на Работнички, треба да го комплетира трансферот во турска Анталија.
Шабани, кој во минатото беше дел од академиите на Арсенал и на Манчестер Сити, е веќе во Анталија каде што се очекува да потпише со овој тим.
Шабани, кој игра на позицијата лево крило и офанзивен играч за врска, бил и во академијата на Фенербахче во 2017 година. Беше дел и од Шкупи и сега од Работнички. Настапува и за младите селекции на Македонија.