ФК Тиквеш и градоначалникот Јанчев со реакција: Се оградуваме од нападите кон ФФМ

324

Тукушто одиграното 30. коло од ПМФЛ шампионатот, поточно дуелот помеѓу Тиквеш и Арсими одигран во Кавадарци, донесе несакана ситуација по домаќинот, чии што навивачи, во текот на натпреварот истакнаа транспарент на кој што имаше директна порака против Фудбалскаат Федерација на Македонија меѓудругото.

Денеска, пак, следствено на тоа, следува официјално соопштение на клубот, поточно на Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев која што е доминантен сопственик на акциите на ФК Тиквеш.

Во него, клубот, и Градоначникот и Општината како институција, директно се оградува од нападите кон Фудбалската Федерација на Македонија и истите најстрого ги осудува.

Соопштението ви го пренесуваме во целост.

Како градоначалник на општина Кавадарци која е доминантен сопственик на ГФК ТИКВЕШ, во изминатите години клубот го водиме кон успех кој се издвојува преку влегувањето во првата македонска лига, опстанок во истата, излегувањето во европската лига, како и враќањето на спортскиот фудбалски дух во нашето Кавадарци.
Како градоначалник и доминантен сопственик на клубот се оградувам и најостро го осудувам нападот кон ФФМ и најодговорно и професионално тврдам дека ниту една политичка партија ниту пак функционер досега нема никакво влијание во работењето на ФФМ и спортските клубови, односно ГФК ТИКВЕШ 1930 Кавадарци.
Помеѓу ФФМ, ГФК ТИКВЕШ и Митко Јанчев има одлични релации и соработка како во професионалниот дел така и во подигање на спортската култура во градот и младинските категории. Досега заедно со претседателот на ФФМ г-динот Масер Омерагиќ не сме имале никакви недоразбирања туку секогаш сме дејствувале исклучиво во интерес на фудбалот.
Се оградуваме и ги осудуваме сите навреди упатени кон ФФМ и кон клубот, од страна на поединци кои што се дел од фудбалските клубови во првата македонска фудбалска лига. Како доминантен сопственик заедно со останатите акционери ќе ја разгледаме потребата и можноста за промени како во стручниот штаб така и во самата управа на клубот.
Познати по нашата спортска транспарентност, квалитет и успешност пред се пред својата кавадаречка публика претставувајќи ги боите на ГФК ТИКВЕШ ќе продолжиме со крената глава кон нови спортски успеси, чесно и поштено!
Со почит,
Митко Јанчев градоначалник на општина Кавадарци

ПретходноШампион ФА шампионски, титулата во женска конкуренција ја носат во Штип
СледноМладите шахисти од ШК АЛКАЛОИД и ШК МУЛТИ ЕСЕНС успешно настапија на државните првенства во шах