Тиквеш го смени цел стручен штаб, клубот ќе го води ко-сопственикот

534

Фудбалскиот клуб Тиквеш вечерва излезе сооштение со најновите одлуки донесени по состанокот на акционерското друштво. Неочекувано, клубот реши да се раздели со комплетниот стручен штаб, почнувајќу од тренерот Борче Христов, па потоа и со неговите асистенти Шиков и Левков.

Исто така од Тиквеш потврдија дека е раскината соработката со досегашниот спортски директор на клубот, Љупчо Трајковски. Како што се вели во соопштението, од утре раководењето на кавадаречкиот прволигаш ќе го преземе ко-сопственикот Цезар Браво.

ПретходноБорусија (Д) не го пушта: Нов договор за Ковач
СледноЦел стадион славеше: Некој се радува на титула, а некој на старт на нова сезона со 0 бодови! (ВИДЕО)