„Ел Класико“ може да го донесе новиот шампион, а билетите одат до 12.500 евра

133

За прв пат можеби во историјата тимот на Барселона може да ја осигура титулата на дуелот против Реал Мадрид на популарното „Ел Класико“ кое што е закажано за за в недела на 10 мај во 21:00 часот.

Барселона е домаќин, и атмосферата во Каталонија е буквално „зовриена“ што се однесува до самата атмосфера.

Барса со евентуален триумф ќе ја осигура титулата, и ќе му возврати на вечниот ривал за ваквиот потег во сега веќе далечната 1932 година кога Реал Мадрид токму во дуелот со Барса ја освои титулата.

Билетите се веќе распродадени, заинтересираноста е огромна, а достапни се само таканаречените ВИП карти. Нивните цени се зачудувачки: помеѓу 2.500 и 12.500 евра по билет.

Барса веќе се врати во својот дом, Ноу Камп кој што подолг период е во фаза на реновирање, и овојпат ќе биде полн како во најубавите негови времиња.

 

ПретходноЕдин Терзиќ е нов тренер на Атлетик Билбао
СледноФИФА го повика Иран на разговори во Швајцарија