Македонија убедлива против Сан Марино

143

Женската репрезентација до 16 години триумфално го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица.

Избраничките на селекторката Катерина Милеска ја совладаа репрезентацијата на Сан Марино со 5:0.

Серијата погодоци на мечот што се одигра на теренот на Тренинг центарот Горан Панев ја отвори Христина Јорданова во 30. минута.

Четири минути подоцна Јорданова повторно се запиша меѓу стрелците и зголеми на 2:0, а во претпоследната минута од првото полувреме Тамара Атанасовска и донесе предност на Македонија од 3:0.

По само три минути игра во второто полувреме Ања Каранфиловска постигна гол за водство од 4:0 додека Ана Марија Велевачкоска со голот во 69. минута ги постави конечните 5:0.

Репрезентацијата на Македонија во второто коло ќе се соочи со Андора, натпреварот е на програмата на осми мај, а почетокот е закажан за 12 часот и ќе се игра на стадионот во комплексот Пандев.

ПретходноМиленкоски прозиваше во Крушево (ФОТО)
СледноЗа титулата во М20 лигата ќе се борат Кожув, Вардар, Водно Санс и Феникс 2010