Силекс со победничко селфи прослави ново финале во Купот!

156
ФОТО:.facebook.com/fcsileks

Силекс на 20 мај на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, во финалето во Купот на Македонија, шесто во својата историја, ќе атакува по својот четврти трофеј. Ривал ќе му биде Шкендија, а на тој меч четата на стратегот Александар Васоски ќе бијат битка и за пласман во Европа. Познато е дека само ако ја победат Шкендија во финалето и го освојат Купот, ќе играат во фудбалска Европа.

Силекс попладнево на свој терен успеа со 1:0, во реваншот од полуфиналето, да го победи второлигашот Охрид. Стрелец на голот беше Дарко Додев од пенал во 34.минута.

И по мечот јасно е, по традиција, кратовци со победничко селфи од соблекувалната на стадионот во Кратово, прославија ново финале во Купот на Македонија.

ПретходноМбапе најверојатно ќе биде дел од „Ел Класико“
СледноНова драма: Иран бара посебни гаранции за да игра на Мундијалот!