Има две петиции: Мбапе да си замине – 31 милиони потписи, Мбапе да остане во Реал – 26 милиони потписи!

213
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Килијан Мбапе минува низ тежок период во Реал Мадрид. Еве веќе втора сезона нема трофеј и за него и за “кралевите“, од друга страна неговиот поранешен клуб, ПСЖ просто “растура“. На 31 мај има шанса да дојде до својот втор трофеј во низа, нешто што Мбапе може само да сонува во Реал Мадрид.

Иако реално игра добро, најдобар стрелец е, сепак нешто недостига неговиот тим да биде нај, нај. Кога ќе се земат в предвид сите скандали кои што се поврзани со Реал во последно време, а тој е поврзан со неколку, јасно е дека и на фановите им е преку глава од него.

Со години чекаа да дојде, а сега истите тие фанови на Реал Мадрид, барем дел од нив, не го сакаат во клубот.

Токму затоа креирана е онлајн петиција на која се гласа за тој да си оди. На неа гласале, односно се потпишале преку 31 милиони лица, до пред некој час.

Во меѓувреме креирана е и до друга онлајн петиција, за негово останување, а на неа гласале преку 26 милиони фанови до пред некој час.

ПретходноЃоргиев: “Млади деца и нова енергија, гледаме во иднината на репрезентацијата“!
СледноРепрезентацијата на Македонија до 16 години ќе настапи на турнир во Србија