Тоа е Луис Енрике: Ги повикал играчите на вечера во елитен ресторан, а тој не се појавил!

294
Фото: ПСЖ Х

ПСЖ уште еднаш покажа дека е најдобриот тим во Европа. По третпат во историјата и по вторпат во низа, гигантот од Париз ќе игра во финалето во ЛШ каде ќе има можност против Арсенал да ја брани титулата. Откако го елиминираа Баерн Минхен во средата, по враќањето во Париз, тренерот Луис Енрике организираша заедничка вечера, но неговиот неочекуван потег на крајот е главна тема.
И покрај слободниот ден (четврток), играчите повторно се собрале на заедничка вечера во париски ресторан, а иницијатор бил нивниот тренер.
Енрике сакал да го собере тимот за да го прослави пласманот во финалето, но тоа не беше единствената причина. Имено, шпанскиот стручњак го слави својот 56-ти роденден на 8 мај, што беше главната причина за собирањето. Сепак, се случи нешто што никој не го очекуваше. Сите играчи на ПСЖ дојдоа на вечера и го чекаа тренерот, но Луис Енрике не се појавил. Според француските медиуми, тој го направил тоа со намера играчите да се опуштат и да уживаат што е можно повеќе, без да чувствуваат дека тој ги гледа.

ПретходноУжасни вести за Канада: Алфонсо Дејвис го пропушта Мундијалот?!
СледноАко им е за утеха: Пелистер со убедлива победа против Бутел!