Емини стрелец за победа на Сондерјиске!

43
ФОТО:facebook.com/soenderjyskefodbold/

Сефер Емини е херојот на Сондерјиске откако вечерва во меч од 31.коло во плеј-офот во елитната лига на Данска, успеа да ја затресе мрежата на Виборг за победа од 0:1.

Се играше 49.минута кога некогашниот фудбалер на Македонија ЃП и Акрон Тољати постигма гол на гостувањето кај Виборг за три големи бода. Ова беше негов втор гол за својот тим во шампионатот на Данска.

Емини беше стартер на овој меч и беше во игра се до 71.минута, додека репрезентативецот на Македонија, Лирим Ќамили мечот го започна од клупата а влезе во игра кај Сондерјиске исто во 71.минута.

ПретходноСекоја чест: Ова е пораката на младиот Хрват по победата против Новак!(ФОТО)
СледноТомовски го промовираше Битигхајм во елитната ракометна лига во Германија! (ФОТО)