Лајпциг и официјално во ЛШ!

21
ФОТО:.facebook.com/rbleipzig/

Лајпциг и официјално следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите откако денес го победи Ст. Паули со 2:1. Победата им беше неопходна, со соодветниот резултат во натпреварот помеѓу Штутгарт и Леверкузен, а бидејќи на тој натпревар немаше нерешено, јасно е дека ќе одат во ЛШ.
Уедраго ја имаше првата шанса, едноставно е неверојатно како не успеа подобро да реагира, а гостите се заканија преку Карс кој ја погоди пречката од многу веројатна ситуација.
Лајпциг поведе во 45-тата минута. Беше корнер од левата страна, топката некако стигнува до Шлагер, кој шутира од пресврт и постигнува гол за 1:0.
Уедраго можеше да постигне уште еден гол во 54-тата минута кога ја погоди стативата, а само минута подоцна гол во мрежата на Ст. Паули кога Орбан добро реагираше по корнер.
Ст. Паули успеа да намали до крај преку Чесај, но тоа беше сè од нив, испаѓањето е сè пореално.

На останатите средби Штутгарт го победи Леверкузен со 3:1 и сега му недостига само бод за ЛШ. Со истиот резултат Аугсбург го победи Менхенгладбах а Хофенхајм со 1:0 беше подобар од Вердер.

ПретходноПМФЛ: Шкендија ја победи Струга ТЛ и ја одложи шампионската прослава на Вардар, Пелистер броеше до седум!(ВИДЕО)
СледноФФМ вели „ДА“ за јужната трибина на Арената да го носи името на Васил Рингов