Македонските интернационалци Јован Манев и Стефан Деспотовски имаа супер попладне во Белград, откако со своите екипи изборија одлични резултати против големите Црвена Звезда и Партизан.
Манев со својот Нови Пазар го шокираше тимот на Црвена Звезда среда „Рајко Митиќ“ и го победи со 1:2, иако домаќинот имаше водство од 1:0. Со голови во финишот на мечот пазарците успеаа да направат комплетен пресврт.
Само неколку стотини метри подолу, на стадионот ЈНА, Стефан Деспотовски со својот ОФК Београд одигра деведесет минути на десната бековска позиција во ремито 1:1.
Домаќинот и на овој меч поведе, а „Романтичарите“ израмнија уште во првиот дел.










