ГФК Тиквеш со хуманитарна акција „Спас на Божидар“

53

Во рамките од 32. коло од ПМФЛ шампионат, ГФК Тиквеш на домашен терен го пречекува тимот на Пелистер. Мечот нема да има само натпреварувачки карактер, туку и хуманитарен, затоа што предмалку клубот објави дека заработката од продажбата на билетите од овој меч оди за лекување на малиот Божидар.

Нему во битката за подобро здравје не му помогнаа засега 18 операции, па затоа ќе биде потребна уште една.
Токму затоа ГФК Тиквеш повикува за масовно присуство на трибините на Градскиот стадион овој викенд.

ПретходноИкер Касиљас: Не го сакам Мурињо во Реал Мадрид!
СледноНовиот селектор ги собра одбојкарките пред стартот на Европската лига