Германски инвеститор влегува во Брегалница Штип

118
ФОТО:facebook.com/fkbregalnicaofficial

Одлични фудбалски вести денеска доаѓаат од Штип. Еден од најфудбалските градови во Македонија има причина за радост, затоа што на седницата на советот на Општина Штип денеска е поставена точката на дневен ред, за продажба на акциите на ФК Брегалница на потенцијален инвеститор од Германија.

Околу ова во Штип но и пошироко се шпекулираше извесен период, а сето ова денеска добива и на официјализација. Она што е добро да се напомене е дека за 51% од акциите на ФК Брегалница да се продадат на потенцијалниот инвеститор се согласите советниците од сите двете главни политички номенклатури.

Како потрнцијален купувач на 51% од 250 акции на ФК Брегалница кои што во моментов се сопственост на Општина Штип се јавува извезен Соломон Петер Франк, државјанин на Германија.

Какви се плановите на овој инвеститор за Брегалница, со каков капитал располага, и што планира да прави со еден од најголемите македонски фудбалски брендови останува да видиме откако целата процедура на негово преземање ќе биде завршена.

Како што е познато, ФК Брегалница во моментов е второлигаш но со реални шанси слената сезона да се најде во ПМФЛ.

ПретходноПознати финалистите во младинскиот Куп на Македонија
СледноГенералните секретари на европските национални федерации на работен состанок во Рејкјавик