Во моментов тенисерот број еден на светот, сигурно чекори кон уште едно финале во кариерата. Синер обезбеди денеска полуфинале на мастерсот во Рим победувајќи го русинот Андреј Рубљов со 6:4, 6:2 и на тој начин доаѓајќи до 32 последователна победа на големи натпреварувања.
Со тоа Синер, го сруши рекордот на неприкосновениот Новак Ѓоковиќ кој што имаше серија од 31 последователна победа.
За оваа победа на Синер му беа потребни само час и половина, а тој нема загубено од 5 ноември минатата година.










