И официјално, фудбалската федерација потврди. Македонската фудбалска репрезентација на 1 јуни ќе одигра пријателски натпревар против Турција во Истанбул. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Шукру Сараџоглу / Чобани“ со почеток во 19:30 часот по македонско време.
Репрезентацијата на Турција е учесник на Светското првенство 2026 и ќе биде сериозен тест за избраниците на селекторот Гоце Седлоски. Претходно, најдобрата македонската репрезентација на 29. мај ќе одигра контролен натпревар против Босна и Херцеговина во Сараево.
Ова се две пријателски средби на кои Македонија ќе покаже со што располага во моментов и каков капацитет има во пресрет на есенските мечеви во Лигата на Нации.










