На „Олд Трафорд“ немаат дилеми: Мајкл Карик потпишува во недела?!

54
фото: Manchester Utd (X)

Се чини дека на “Олд Трафорд“ немаат дилеми. Мајкл Карик останува на клупата на Манчестер Јунајтед, но сега со перманентен договор.Раководството на Манчестер Јунајтед започна преговори со Мајкл Карик за преземање на позицијата главен тренер на трајна основа, според британските медиуми.
Како што е наведено, клубот од “Олд Трафорд“ подготвил почетна понуда за двегодишен договор, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона, до летото 2029 година.
Преговорите започнаа откако ко-сопственикот на клубот, Сер Џим Ратклиф, даде согласност на состанокот на извршниот комитет одржан оваа недела. Препораката Карик да ја добие работата, до раководството ја дадоа извршниот директор Омар Берада и спортскиот директор Џејсон Вилкокс, според истите извори.
Постои можност договор да се постигне и официјализира во недела, кога Манчестер Јунајтед го игра својот последен домашен натпревар во сезоната против Нотингем Форест, така што статусот на тренерот може да се одлучи пред крајот на натпреварувачката година.

ПретходноСедлоски: Заминувам горд на она што го направивме, заслужено сме шампиони!
СледноЕ. Пелистер доби нов спонзорски тим