На 43 години, голманот на Тиквеш, Столе Димовски и официјално утре ќе стави крај на својата кариера. Оваа вест ја соопштуваат од таборот на ФК Тиквеш и напоменуваат дека нивниот Столе утре на мечот со Пелистер ќе се прости од голманската кариера.
Димовски пред да дојде во Тиквеш, за кого има 180 настапи, беше голман и во екипите на Маџари, Хоризонт Турново, Металург, Борец, Тетекс, Македонија ЃП.















