Министерот Борко Ристовски: Осуда за постапките на ФК Вардар, вакви појави повеќе да не се случуваат

396

Министерот за Спорт на Република Македонија, Борко Ристовски ги осуди последните настапи на ФК Вардар при прославата на шампионската титула.

По освојувањето на титулата во текот на вчерашниот ден, ФК Вардар преку социјалните мрежи испрати многу лоша порака со скандирањето на навивачки песни, и крајно лошиот однос, како на управата така и на играчкиот кадар.

Па така, министерот јавно ги осуди овие настани и побара јавно ФК Вардар да се извини за постапките.

„Во однос на синоќешните видеоснимки кои се појавија од прославата на ФК Вардар, како Министерство, но и од мое лично име како министер за спорт, сакаме да ја известиме македонската јавност дека недвосмислено го осудуваме ваквиот тип прослави, кои вклучуваат навреди по која било основа, особено доколку во нив се вклучени спортски работници, играчи, селектори и лица од јавниот живот. Слични случувања имаше и минатата недела во Кавадарци, со политички конотации и навреди кон спортски институции, меѓу кои и ФФМ, а истото сега повторно се повторува. Министерството за спорт најостро ги осудува ваквите провокации и јавно бара чинителите да и се извинат на македонската јавност. Воедно апелираме вакви случувања во иднина да не се повторуваат, затоа што Министерството за спорт ќе изнајде начин секој ваков настан соодветно да биде санкциониран. Ги разбираме ривалствата меѓу екипите, но не треба да се заборави дека спортот се игра за публиката и дека сите чинители имаат одговорност кон јавноста и општеството, – рече министерот за Спорт на Република Македонија, Борко Ристовски.

ПретходноРоналд Араухо размислува да ја напушти Барселона
СледноФФМ: Осуда за навредливото и недолично однесување на ФК Вардар