Вирус во екипата на Ц. Звезда, ама не бил корона, така велат последните вести од Белград. Имено првично во текот на денов беше објавено дека голманот Милан Борјан “закачил“ Ковид-19, па хитно бил пренесен во болница. Сепак станувало збор за стомачен вирус, од кој биле “фатени“ неколку играчи на српскиот шампион и учесник во групната фаза во Лигата на Европа.
И официјално попладнево раководството на Ц. Звезда искочи со информација дека сепак не било корона. Исто така беше објавено и тоа дека ќе побара одложување на мечот со Вождовац од домашниот шампионат,кој треба да се игра во черврток, поради проблеми на неколку играчи со стомачен вирус.