Денеска е ден за печат на мундијалската виза!

88

Македонската ракометна репрезентација денеска (19 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ ја пречекува Словачка во реванш бараж мечот за пласман на Светското првенство 2027 година.

Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци само треба да стават печат на билетот за Мундијалот, кој следната година ќе се одржи во Германија. Првата средба заврши со убедлив триумф на нашите момци, имаат позитива од седум гола (31-24), што пак е доволна најава дека портите се широко отворени.

Дополнителна мотивација ќе имаат од трибините, СЦ „Борис Трајковски“ се очекува биде исполнет до последното место.

Македонија оди по 10-тото Светско првенство, осмо во низа. Од 2013 година па наваму и покрај смената на генерација нашиот сениорски тим е редовен учесник на Мундијалите.

Новата Македонија веќе покажа зрелост не само во квалификциите и баражите, туку и на големите првенства, под водство на најдобриот ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров, победничкиот менталитет стана дел од ДНК-та на овие момци.

ПретходноНе знае да поднесе пораз: Роналдо не се појави на доделувањето медали (ВИДЕО)
СледноХрватскиот тешкаш не запира: Хрговиќ во трета рунда го нокаутираше Британецот Ален (ВИДЕО)