Од Фудбалската Федерација на Македонија предмалку објавија каде и на кој начин ќе може да се набават билети за претстојното Куп финале на Македонија, во кое што ќе се сретнат екипите на Силекс и Шкендија.
Истото е закажано за в среда 20.05.2025 година од 20:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје.
Како и секогаш, трибините на нашиот најголем стадион ќе бидат поделени што се однесува до навивачите, од двете спротивставени страни, а секако ќе има дел и за оние неутралните љубители на фудбалот.
Па така, за тимот на Шкендија ќе бидат резервирани Блок 13 и Блок 24, додека пак за навивачите на Силекс ќе бидат во Блок 19 и Блок 23. За наутралните пак резервиран е Блок 18.
Билетите може да се набават на следниот линк










