Митревски: Заслуживме двојна победа, бевме поквалитетни!

236

Македонската ракометна репрезентација обезбеди пласман на Светското првенство во Германија. Нашите момци одиграа убедлив меч против Словачка во реванш бараж мечот, пред полни трибини во СЦ „Борис Трајковски“ славеа со 38-23.

„Заслужена двојна победа. На првиот меч Словачка ни беше непознаница, не знаевме  колку се квалитетни. Одигравме добро во Прешов, видовме дека имаат квалитетни играчи, но нашиот квалитет беше поголем. И покрај тие седум гола разлика, сакавме да го потврдиме местото со убедлива победа и да не се задоволуваме само со тој резултат. Мора да научиме да победуваме и да играме максимално без разлика кој е противник на теренот, мора да учиме од светскит велесили, секогаш да се претставиме во најдобро светло“, изјави после мечот еден од најискусните во нашите редови Никола Митревски.

Што се однесува до самото Светско првенство, тој истакна дека Македонија може да дојде до победа против еден од фаворитите.

„Имаме доста квалитетни играчи кои играат во Лига на шампиони, Лига Европа, имаме доволно квалитетни играчи да изненадиме, но секако здравје, прво треба да бидеме сите да бидеме здрави“, рече Митревски, кој испрати голема благодарност до фановите.

„Благодарност за денешната поддршка, уште еднаш нашите фанови го исполнија целиот капацитет“. 

ПретходноФФМ го објави распоредот на билетите за финалето од Купот на Македонија
СледноГолемите натпреварување се и во нивната ДНК!