Лазаров: Успеавме да создадеме производ кој ќе ја прави Македонија горда во следната деценија

797

Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци и следниот јануари ќе бидат главна окупација на македонската нација, бидејќи македонската репрезентација ќе игра на Светското првенство кое ќе се одржи во Германија.

Предводникот на нашиот најдобар национален тим не може да биде незадоволен, бидејќи денеска Македонија одигра моќно и убедливо.

„Треба да бидеме задоволни без разлика кое ниво го има Словачка, затоа што покажаа дека против Украина дека имаат квалитет. Не е лесно да се победи Украина. Сакам да им честитам на момците, со 15 гола разлика не се победува туку-така. Имавме сериозен пристап, секој ривал кој е во баражот има квалитет, а ние покажавме еден константен ракомет, тоа го барав од играчите. Имавме малку падови, игравме квалитетно, успеавме да им дадеме шанса и на некои играчи што помалку имаат минутажа на поквалитетни натпревари, за да ги добиеме веќе за следните потешки мечеви така што презадоволен сум од пристапот на сите играчи во двата меча.

Во претходните година и пол успеавме да составиме квалитетен тим на играчи кои се борат еден за друг, се дисциплинирани и не им е важно кој ќе биде најдобар, туку најважно е да победуваме. Тоа се мачевме да го создадеме и мора да го задржиме. Мислам дека играчите растат со нашата лига, во нивните клубови, со квалитетни натпревари добиваат на искуство. Откако јас сум селектор шесто големо натпреварување сме во низа, со 99% променета генерација од претходно. Тој процес треба да се истрпи, а ние успеавме во тој период со стручниот штаб, со РФМ, со медиумите, да опстанеме на големата сцена и да создадеме производ кој ќе ја прави горда Македонија во следната деценија. Јас сум горд на тоа, сите го препознаваат тоа и се надевам дека сениорите од година во година, чекор по чекор, ќе бидат поквалитетни. Не смееме да поставуваме преголеми цели, тоа би било притисок за сите играчи, но дека нема да се предадеме против никого, тоа можам да ветам дека ќе го гледате“, изјави Лазаров. 

ПретходноГолемите натпреварување се и во нивната ДНК!
СледноВаленсија и Столе може да „спијат мирно“, Мајорка и Џирона ќе бараат спас во последното коло