Одлична партија на Јакимовски за победа на Тренто кај Виртус

106
фото: Dolomiti Trento (FB)

Уште една одлична партија на нашиот репрезентативец Андреј Јакимовски за својот Тренто. Вечерва во вториот меч од четвртфиналната серија од плеј – офот во елитната лига на Италија на гостувањето кај Виртус, Македонецот запиша 13 поени, имаше и еден скок и две асистенции.

Оваа негова партија и тоа како му помогна на Тренто да дојде до победа од 84:87 и со тоа да израмни во серијата на 1:1.

Се разбира дека Јакимовски уште еднаш потврди дека е класа кошаркар и дека наскоро би можел да направи трансфер во некој поголем клуб. За него веќе долго време се интересира Валенсија, тим кој ќе игра на Ф4 во Евролигата.

ПретходноПо ремито на Сити: И официјално – АРСЕНАЛ Е ШАМПИОН!
СледноНа ова се чекаше 22 години: Почна славјето во Северен Лондон! Еве што Арсенал објави…(ФОТО)