Ненад Димитријевиќ покажа дека е еден од најдобрите кошаркари на Баерн Минхен. Вечерва во вториот меч од 1/4 финалната серија во шампионатот на Германија, нашиот репрезентативец едноставно блескаше, беше фантастичен во победата на “баварците“ од 92:62 против Трир за 2:0 во серијата, и тоа за само 15 минути минати на теренот.
Нено со 16 поени беше најефикасен на натпреварот, притоа забележа два скока и дури 9 асистенци.
Лесно му е на Баерн Минхен кога во своите редови го има Ненад Димитријевиќ.










