Куп финале 2026: Силекс ја “реши“ Шкендија и го освои пехарот, ќе игра и во Европа! (ВИДЕО)

387

Силекс – Шкендија 1:0 е исходот од 33. финале во Купот на Македонија, кое се одигра вечерва на Арената во Скопје. Победничкиот гол беше дело на Алиќ во 71.минута. Кратовци не само што по четврти пат го освоија пехарот, туку обезбедија и пласман во Европа.

Шкендија ја заврши сезоната без трофеј, што секако дека е неуспех. Ова е четвртиот пораз во шестото финале.

Силекс и тоа како подобро го отвори ова финале, со висок пресинг, со агресивна игра, се чини дека Шкендија беше изненадена. А првата опасност по голот ја креираа кратовци, но шутот на Алиќ не беше проблем за Гаје.No description available.

И така беше се до 20-тата минута, кога Шкендија почна да игра, ја презеде иницијативата. А во 26.минута тетовци првпат се заканија преки Ндзенгуе, но сепак Џеков покажа зошто е еден од најдобрите голмани во Македонија.

Во 31.минута имаше класичен пенал за Шкендија по стартот на Шуберт врз Ндзенгуе, но сепак претходно имаше офсајд.

Во таа 45.минута, Шкендија можеше да поведе, но Красниќи не успеа убаво да ја зафати таа топка на само неколку метри од голот на Силекс.

Па така со тие 0:0 фудбалерите на двете екипи заминаа на пауза.

Второто полувреме започна со удар на Трумчи од околу 20-тина метри, но високо над голот во 48.минута, а три минути подоцна и Љатифи се закани, но на семафорот и натаму стоеше 0:0.No description available.

Шкендија и дефинитивно беше подобра во овие моменти, беше поопасна, имаше повеќе од играта. А во таа 64.минута Красниќи со прекрасен шут, но голманот Џеков со фантастична парада го спасува својот гол. Силекс се обидуваше од контри да се закани, но сепак неамаше успех во тоа. Донов се обиде од 25 метри од далечина, но крајно непрецизно над голот на Шкендија.

И тогаш, опасна контра и гол. Додев по лево успеа да ишпринта, а потоа да му асистира на Алиќ кој стрелаше за водство на Силекс. По тој гол голема нервоза на теренот, па имаше кошкање меѓу играчите на двете екипи. Разбирливо ако се знае што носеше ова финале.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ФИНАЛЕ

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 1:0 (0:0)

Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: 5.000. Судија: Игор Стојчевски (Скопје). Стрелци: Алиќ 71 (СИЛ).

СИЛЕКС: Љ. Џеков, Ѓ.Џеков, Шуберт, Донов, Тимовски (80.Димитриевски), Бутуровиќ, Анѓелески, Ефтимов (66.Мирчевски), Донов, Додев (74.Делимеѓац), Пиреш, Алиќ (82.Мишов).

Тренер: Александар Васоски.

ШКЕНДИЈА: Гаје, Ајети (80.Азари), Трумчи, Ислами, Фетаи, Алхасан (69.Мелиќи), Зејнулаи (80.Крстевски), Красниќи, Тамба (57.Спахиу), Љатифи, Ндзенгуе.

Тренер: Јетон Беќири.

ПретходноЛЕ Полувреме: Астон Вила два чекори до големиот пехар од Лигата на Европа
СледноСрамно: Тетовци не дојдоа да ги примат сребрените медали! (ВИДЕО)