Беќири: Наша грешка го реши финалето, не е мое да коментирам исвиркување на химна

949

Поразениот тим на Шкендија во овогодинашното финале од Купот на Македонија во кое што загуби вечерва од тимот на Силекс со минимални 1:0 може да жали за пропуштената шанса да освои нов трофеј во својата историја.
Тетовци барем според мнигумина беа фаворити на хартија, но ете, вечерва Силекс е тој што се радува.

Дали Шкендија одигра според очекуваното? Не…. Нашиот сега веќе екс шампион, „згази“ во Европа сезонава, ја мина и групната фаза, но вечерва едноставно таа Шкендија на Арената ја немаше. Две до три ситуации за гол од кој може само една да влезе во категоријата „100%“, кои не беа искористени. Недостасуваа Бесарт Ибраими и Вебстер, што се покажа очигледно како погубно за тетовци вечерва.

„Мислам дека одлучи една наша грешка во одбрана. Силекс ја искористи истата. Имавме ние ситуации и пред и по тоа. Но по тој гол имавме многу мала шанса да се вратиме во игра. За нас Решат Рамадани, Бесарт Ибраими и Вебстер се многу важни играчи. Ние во последниот период загубивме многу важни играчи. Момент го реши мечот. Ние до примениот гол бевме доминантни. – изјави тренерот на Шкендија, Јетон Беќири на официјалната прес конференција по финалето. На прашањето околу исвиркувањето на химната односно пропустот на Шкендија да ги земе медалите по поразот Беќири рече.

„Не би сакал да ја коментирам ситуацијата со исиркувањето на химната. Не е тоа моја работа. Зошто не ги земавме медалите? Мислам дека е повеќе техничка грешка, играчите не беа на местото во тој момент. – изјави Беќири.

ПретходноСкандалозно: Управата на Шкендија не им дозволила на играчите да ги примат медалите!
СледноФудбалерите на Силекс упаднаа на пресот на Васоски (ВИДЕО)