Седлоски: Следам многу играчи, Тодороски го чека пасошот, имаме потенцијални репрезентативци во Турција

353

Македонската фудбалска репрезентација пред себе има две пријателски средби против Босна односно Турција. Истите се закажани во Сараево на 29 мај, односно 1 јуни во Истанубул.

Селекторот Гоце Седлоски одбра состав кој што е разноврстен, односно има доста дебитанти, неколку откажувања и, секако стандардни наши првотимци.

„Овој список е составен од моменталната ситуација со која што се соочуваме. Дел од оние кои што планирав да ги викнам како Дориев, Костадинов, Станковски нема да бидат во можност да пристигнат што поради обврски во клуб, што поради повреди. Од друга страна пак, составот е тој ќе пробаме да извадиме максимум од овие два меча. Не давам никакви прогнози за исходот, се работи за селекции кои одат на Мундијал. 

Нема играч на кој ќе биде занемарен. Ваљон Етеми игра стандардно, секако дека ни е на радарот. Дени Мусовски поради временската разлика, и малиот број на денови за подготовка овојпат е изоставен но секако дека е тука во списокот за следниот период. И не само тие двајца. Имаме неколку потенцијални интернационалци, кои ги следиме ќе ги повикаме во иднина“ – рече селекторот па се надоврза.

„Тодоровски од ТСЦ исто така го чекаме да среди документација, да извади пасош на Македонија. Потребен ни е таков играч. Следиме и играчи од ПМФЛ. Секој со своите настапи ќе го заслужи својот повик во националниот тим“ – додаде селекторот.

ПретходноСелекторот Седлоски се извини во името на ФК Вардар за скандалот со прославата на титулата
СледноАломеровиќ: Долго го чекав овој момент, А репрезентацијата е сон на секој играч