Лука Грчевски го потпиша првиот стипендиски договор со Црвена Звезда

143

Талентираниот македонски младински репрезентативен голман, и член на тимот на Црвена Звезда од Белград, Лука Грчевски денеска и официјално го потпиша својот прв стипендиски договор со овој клуб.

Момчето кое што е генерација 2009, и кое што има настапи за нашата У17 репрезентација денеска стави „параф“ на документот кој што му гарантира иднина во еден од најдобрите европски клубови за млади играчи.

Гречевски во присуство на претседателот на Црвена Звезда, Светозар Мијаиловиќ како и на директорот на младинската школа Никола Јелиќ се обврза на верност кон клубот од Рајко Митиќ на огромно заодоволство на обете страни.

Грчевски е иднината на македонскиот фудбал, а очигледно и на Црвена Звезда. Момчето кое помикна во школата на Работнички, па преку Графичар стигна и до младинскиот погон на некогашниот европски и светски шампион.

 

ПретходноАломеровиќ: Долго го чекав овој момент, А репрезентацијата е сон на секој играч
СледноПринцот Вилијам еуфорично го прослави успехот: Астон Вила до смрт (ВИДЕО)