Европската одбојкарска федерација ги потврди термините за одигрување на натпреварите на првиот турнир од Европската лига 2026 чиј домаќин ќе биде Македонија. По променетиот распоред, Македонија ќе ги пречека Холандија и Луксембург во салата „парк“ во Струмица од 5 до 7 јуни.
Сите три натпревари се закажани со почеток од 19 часот, а одредени се и судиските парови кои ќе ја делат правдата на натпреварите.
Првиот натпревар на 5 јуни Македонија ќе го одигра со супер-фаворитот Холандија. Мечот до 19 часот во „Парк“ ќе го судат грчкиот интернационалец Милонакис и албанскиот судија Акбулут.
Ден подона на 6 јуни ќе се сретнат Холандија и Луксембург, натпревар на кој како прв судија ќе се најде нашата интернационалка Елеонора Петровска, а ќе и асистира Милонакис од Грција.
Последниот ден на 7 јуни во 19 часот ние ќе се сретнеме со Луксембург. Прв судија ќе биде Акбулут од Албанија, а нашата Петровска ќе биде судија долу на теренот.










