Миленко до ФФМ: Не ни можете ништо!

1458

По најавата за отворање дисциплинска постапка од страна на ФФМ кон ФК Вардар поради скандалозната прослава на шампионската титула, директорот на тимот, Миленко Неделкоски, преку социјалните мрежи најави дека правниот тим на ФК Вардар, во официјална форма, одговорил на покренувањето дисциплинска постапка.

„ФК Вардар ја оспорува надлежноста и сите изнесени обвинувања, согласно важечките закони на Република Македонија и цитираните точки од правилниците на ФФМ. Очекуваме посериозна и законски издржана постапка“, напиша Неделковски.

Дали ова е само начин да се избегне казна и да се реши случајот без конкретни санкции, ќе покаже конечната одлука на дисциплинците на ФФМ, во име на сите жени, бидејќи овој случај да беше во друга држава или во радиус на УЕФА и ФИФА, сигурно немаше да мине само со морална осуда. Вардар не покажаа дека им е криво што пееја навредливо кон македонската пејачка Каролина Гочева, а потоа вмешаа и друга жена, за да на крајот да излезат со извинување до јавноста, но не и до личностите кои беа навредени. Понекогаш правото е мала точка во однос на моралната одговорност. Или имаш срам или не.

Во прилог и објавениот допис од ФК Вардар до дисциплинците на ФФМ:

Screenshot
Screenshot
ПретходноТухел ги отвори картите, познат списокот на патници на СП 2026
Следно„Жените и мајките ги урнаа митовите за трчањето, знаеме да свариме и кафе, но кога работиме, тука нема аматеризам“