Тројца ракометари од екипата на Алкалоид, денеска пред натпреварот со Бутел се поздравија со навивачите и следната сезона веќе нема да бидат дел од играчкиот ростер на првиот тим од Автокоманда.
Никола Маркоски, Мартин Ивановски и Кристијан Симоноски нема да бидат дел од Алкалоид следната сезона. Тие денеска добија благодарници од клубот и се поздравија со домашната публика и соиграчите.









