Какво финале во Евролига. Олимпијакос и Реал Мадрид ја понудија целата возбуда и квалитет, победникот се решаваше буквално во самиот финиш. Победата ја однесе грчкиот тимот, кој славеше со 90-85. Олимпијакос последен пат ја освои титулата во сезоната 2012/13, во составот беше нашиот Перо Антиќ. Ова е четвртти пехар за грчкиот тим во Евролига.
Дуелот се играше во преполната „ОАКА“ Арена, овој викенд во Атина беше вистински празник на кошарката.
Победникот беше решен во последната минута до крајот, Хезоња промаши тројка при 84-80, на другата страна следеше казна за 86-80. Реал Мадрид не искористи нов напад, Фурние зголеми на 88-80. Но, ова како да не беше доволно, Кампацо донесе нова драма, погоди две слободни фрлања, третото намерно го промаши, но Фелиз не успеа да погоди тројка при 88-85. Питерс на 11 секунди до крајот погоди важни слободни фрлања за 90-85. Ова беше доволно за голема радост во редовите на Олимпијакос.
Фурние со 20 поени беше лидер во редовите на победникот, зад него беше Питерс со 16 поени. На другата страна Лајлс имаше 24 поени.










