Агон Елези го “реши“ вечното сараевско дерби, претходно доби признание од фановите на Сараево!(ВИДЕО+ФОТО)

125
ФОТО:facebook.com/FudbalskiklubSarajevo/

Каква ноќ за Агон Елези на “Кошево“. Македонскиот повремен репрезентативец со убав гол во 45+3.минута успеа да му донесе победа на Сараево од 1:0 против Железничар во вечното сараевско дерби, едно од најголемите на овие простори.

Во победничкиот тим настапи и Стефан Ристовски, поранешниот капитен на нашата репрезентација.

Претходно Елези доби и признание од навивачите на неговиот клуб.

Навивачите на Сараево, UNFX Hordes of Evil го избраа победникот на трофејот „Измир Пинтол“, кој традиционално се доделува на најборбениот играч во сезоната.
Овогодинешниот победник е макердонскиот интернационалец Агон Елези – играч кој покажа што значи да се носат бордо бои со својот став кон дресот, енергијата и борбата на теренот.
Трофејот „Измир Пинтол“ носи посебно значење, зачувувајќи го споменот на еден млад навивач чија љубов кон ФК Сараево сè уште живее денес преку оваа традиција.

Трофејот на Елези му беше предаден пред вечното дерби со Железничар кое се играше вечерва.

ПретходноНиколиќ не е веќе играч на Силекс, на 37 години стави крај на кариерата!
СледноНа 39 години: Напаѓачот на Тиквеш, Берат Садик стави крај на играчката кариера!(ФОТО)