На 39 години: Напаѓачот на Тиквеш, Берат Садик стави крај на играчката кариера!(ФОТО)

60

Берат Садик и дефинитивно следната сезона нема да биде во нападот на Тиквеш. Имено искусниот напаѓач, денеска на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, на гостувањето кај Работнички, го одигра последниот натпревар не само за Тиквеш, туку и во кариерата воопшто. Ги одигра последните десет минути и со тоа беше дел од победата на Тиквеш од 1:3 во последниот меч сезонава. Садик на 39 години одлучи да стави крај на играчката кариера.

Од таборот на Тиквеш искрено му се заблагодаруваат на Садик за се она што му го даде на клубот од Кавадарци.

ПретходноАгон Елези го “реши“ вечното сараевско дерби, претходно доби признание од фановите на Сараево!(ВИДЕО+ФОТО)