Познат составот и на Бугарија за дуелот со Македонија

37

Нашиот У21 национален состав овој репрезентативец прозорец ќе го искористи за дуел против соседот Бугарија на 30 мај во Софија на стадионот во Бистрица.

Селекторот Горан Станиќ направи комбинација од повикани фудбалери, кои што се дел од тековната генерација која што ги игра актуелните квалификации, како и на фудбалери кои што имаат право на настап и во следниот циклус.

Што се однесува пак до противникот, селекторот на Бугарија, Тодор Анчев се одлучи за грото домашни фудбалери, со неколку засилувања од странство, како на пример на голманската позиција, каде што противникот има чувари на мрежата од Жирона односно Вердер Бремен.

ПретходноМладата репрезентација ги стартуваше подготовките за дуелот со Бугарија
СледноМакедонија без Енис Барди против Босна и Турција