ФМП го “спакува“ Партизан, и инцидент во кој учествуваа двајцата тренери! (ВИДЕО)

276
ФОТО:Printscreen/Arena sport

Сензационално ФМП успеа да го победи Партизан во првото полуфинеле од Ф4 турнирот во Ниш во битката за титулата со 92:79. Инаку можеа да се видат диви сцени на овој меч.
Имено, по една спорна ситуација, тренерот на Партизан, Хоан Пењароја, реагираше многу бурно на одлуката на судијата и побара од сите тројца (Обркнежевиќ, Јевтовиќ, Пешиќ) објаснување за одлуката и цело време гестикулираше како да бара предизвик.
Шпанецот беснееше како никогаш досега, а бидејќи веќе имаше техничка грешка, тогаш заработи уште една.

Во еден момент, Пењароја гестикулираше со раката кон клупата на ФМП, како да мавташе, а тренерот на „Пантерите“ Саша Никитовиќ остро реагираше на тоа, трчајќи кон својот колега, како да сакаше да се тепа со него. Членовите на тренерскиот штаб, судиите и играчите брзо застанаа пред нив, па беше спречен поголем инцидент.
И двајцата го напуштија теренот, па Мирко Оцокољиќ го водеше Партизан до крајот, а ФМП Горан Тадиќ.
На крајот, ФМП заслужено славеше и се пласираше во финалето.

ПретходноЛеонида Гроздановска со нов одличен резултат за Македонија на Светскиот куп во Грција
СледноКузмановски открива кој би преживеал како земјоделец и кој може да заспие во трактор (ВИДЕО)