За нешто помалку од половина час, на стадионот Кошево во Сараево, репрезентацијата на Македонија ќе го одигра пријателскиот дуел против домаќинот Босна.
Во прекрасна атмосфера и 30.000 присутни навивачи, босанците се подготвуваа за Мундијалот, а ние им сме претпоследниот спаринг партнер пред турнирот.
Репрезентациите веќе наголемо се загреваат за дуелот, а при излегувањето на теренот, покрај домашните звезди уште еден репрезентативец доби овации од публиката.
Тоа е нашиот Агон Елези, кој што игра за ФК Сараево, и кој што е еден од милениците на публиката на стадионот Кошево.
Потег за респект нема што….
View this post on Instagram










