Историјат: Имаме само една победа со Турција, се паметат тие 3:3 во Бурса! (ВИДЕО)

120
ФОТО:printscreen

Во пресрет на вечерашниот пријателски меч во Истанбул меѓу Турција и Македонија, убаво ќе биде да се потсетиме на историјатот, на досегашните натпревари на Македонија со оваа селекција.

Досега се одигра осум средби на кои имаме само една победа, пет порази и два меча завршиле без победник.

Таа победа сме ја извојувале на 4 јуни 2006 година во пријателски меч, и тоа со 1:0, одиграна во Крефелд (Германија).

Пријателски сме одиграле и дома во 1994 (0:2), потоа во Истанбул следната година (1:2), како и во 2017 во Скопје (0:0).

Во квалификациите за СП 2002 година, на 28 март 2001 дома загубивме со 1:2 а во Бурса беше 3:3.

Во квалификациите за ЕП 2004, на 12 октомври 2002 дома загубивме со 1:2, а на 11 јуни 2003 во Истанбул бевме поразени со 3:2.

Сепак вечно ќе се паметат оние 3:3 во Бурса во квалификациите за СП 2002 на 6 јуни 2001 година.

Селектор на Македонија тогаш беше Ѓоре Јовановски а на Турција славниот Шенол Ѓунеш.

Сите три гола за Турците беа дело на Алпај, а за Македонија стрелци беа Игор Николовски, Артим Шаќири и Жарко Серафимовски.

Претходно„Симовците“ блеснаа во Велес, познати се победниците од „Денот на спортот“
СледноБитолско самоубиство, Пелистер пател и ќе пати од своите!