Во Битола „махери“ за народна се „Галактикоси“ и „Дамевци“

43

Од Битола стигна нова порака – спортот обединува, создава пријателства и вредности, но и моменти кои ќе се паметат цел живот. Младите дечиња кои ги сакаат спортот добија уникатна шанса – бесплатно да се натпреваруваат. Сето ова го овозможува Плазма Спортските игри за млади кои за првпат оваа година се одржуват во Македонија.

А, кој рече дека најмладите не можат да донесат вистински возбудувања на спортските терени, ќе погреши.

Во Битола беше еднкаво возбудливо, градот кој живее за спортот се покажа како вистински домаќин. Илјадници дечиња се натпреваруваа во повеќе дисциплини: Coca Cola Cup 2011, фудбал 2015, баскет 3х3, одбојка, ракомет и атлетика.

Ги имаме победниците, „Топалчиња“ и „Срцки“ беа најдобри во одбојка. Во спортската дисциплина кој дефинитивно е голем хит, народна, „Галактикоси“ се број еден во 2017 годиште, додека во 2015 годиште тоа е „Дамевци“.  

Плазма Спортските игри за млади се најголемиот аматерски спортски настан за деца и млади во Европа, кој моментално се одржува во пет земји во регионот – Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и, за првпат, во Македонија. Целта е промовирање на здрав начин на живот, пријателство и заедништво, а најважно е што учеството е целосно бесплатно за сите деца.

По квалификациските натпревари следуваат регионални и национални првенства, додека најдобрите тимови и поединци ќе се натпреваруваат на големото меѓународно финале во Сплит (17–22 август), каде ќе ја претставуваат својата земја и ќе се дружат со врсници од регионот.

Плазма Спортските игри за млади беа свечено отворени во Скопје, а потоа се одржаа и во Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Велес, Кавадарци, Прилеп и во Битола. Следна дестинација на „Денот на спортот“ е Охрид (08.06.2026).

ИГРИТЕ СЕ ЗАКОН

Повеќе информации за Плазма Спортските игри за млади можете да прочитате на: https://sportskiigrizamladi.com/

ПЛАЗМА СПОРТСКИ ИГРИ ЗА МЛАДИ – БИТОЛА 

ПОБЕДНИЦИ

Coca Cola Cup 2011

Машки

1.Баирски пионери

Женски

1.Климентовки

Фудбал 2015

1.Јуниор

Одбојка 

Машки

1.Тополчани

Женски

1.Срцки

Народна 2017

1.Галактикоси

Народна 2015

1.Дамевци

Атлетика 2015 машки

1.Петар Спиркоски

2.Никола Николов

Атлетика 2015 женски

1.Меланија Волкановска

2.Михаела Јуруковска

Атлетика 2017 машки

1.Дамјан Данчевски

2.Михаил Кожинковски

Атлетика 2017 женски

1.Андреа Аспров

2.Нина Поповска

Баскет 3х3 

Машки

1.Баирци

Женски

1.Тигрици

Ракомет (машки)

1.Дамевци

ПретходноПораз на стартот: Бевме блиску до сет, но Холандија ја покажа својата класа
СледноКвалификации за СП – жени: Македонија победнички кај Андора