Дејвис куп: Македонија во група домаќинот Молдавија, Грузија и Косово

30
фото: www.mtftennis.mk

Македонските тенисери денеска ги дознаа ривалите во групата во рамки на Дејвис куп натпреварувањето од Третата Европска група што од утре до сабота ќе се игра во Кишињев, Молдавија. Македонија е во групата Б и за ривали ги има Грузија (71.рангирана – носител); Косово (85.рангиран) и домаќинот Молдавија (86.рангирана).

Групата А ја сочинуваат: Република Ирска, Летонија, Црна Гора и Азербејџан.

Дејвис куп репрезентацијата на Македонија е рангирана на 78.место.

Прв противник ќе ни биде утре (среда) домаќинот Молдавија, репрезентација против која имаме одиграно осум мечеви и скорот е 5:3 за Македонија. Три од победите ги имаме остварено на терените на ТК Југ во Скопје – 1998, 2021 и 2025 година. Лани по голема борба Македонија победи.

За Македонија ќе настапат: Калин Ивановски, Амар Хусеиновиќ, Кристијан Јанев, како и Украинецот со македонски пасош Олег Приходко, а селектор е Горан Шевченко.

Се играат два сингл меча, а потоа следува мечот во двојки и победник е репрезентацијата која ќе освои најмалку две победи, но бидејќи квалитетот на најголем дел од селекциите е изедначен решавачки може да биде секој поен.

Во првото коло покрај дуелот Македонија – Молдавија играат уште Грузија – Косово (Б група) и Република Ирска – Црна Гора и Летонија – Азербејџан. По завршување на утрешните мечеви ќе бидат познати и двојките за второто и третото коло.

Победниците на групите ќе обезбедат промоција во Втората Светска група (во сабота ќе играат меч само за пехар), додека второпласираните од групите ќе се борат за третата позиција, која носи исто така промоција. Трето и четвртопласираните селекции од групите ќе играат во сабота мечеви (А3-Б4) и (Б3-А4), при што победниците ќе останат во Третата Европска група заедно поразениот од дуелот за третото место, а двете репрезентации што ќе загубат ќе се преселат во Четвртата Европска група.

ПретходноМурињо пристигна во Мадрид, промоција во четврток!
СледноОдбојкарките стигнаа во Аликанте, се бара посериозен пристап кон следните два меча