Херојот на Шкендија ќе брани уште една година во Арачиново

170
Shkendija Aracinovo FB

Новиот прволигаш, тимот на Шкендија од Арачиново предмалку објави дека првиот голман Антонио Столевски и следната сезона ќе биде дел од клубот. Ова е сосема логичен развој на настаните, затоа што Столевски е херојот на овој тим, кој што во бараж дуелот против Пелистер, одбрани пенал во регуларниот дел од мечот, а потоа и во пенал серијата неколку пати го сопте противникот.

Па така, сосема е нормално клубот да сака по секоја цена да го задржи Столевски кој што ќе ги предводи арачиновци во ПМФЛ авантурата следната сезона.

ПретходноЕ ова се вика поддршка за репрезентацијата… 30.000 босанци го запоседнаа Торонто (ВИДЕО)
СледноНаваро и официјално ја презема Црвена Звезда