Трет пораз за женската репрезентација на Македонија во третиот натпревар од Европската лига 2026, откако со 0:3 (11:25, 6:25, 15:25) загуби од Шпанија на отворањето на вториот турнир во Аликанте.
Македонските одбојкарки немаа решение за играта на мрежата на противникот, кој делуваше доминантно, особено во вториот сет кога застанавме на скромни шест поени.
Во последниот сет понудивме попристоен отпор до средината на сетот, 13:15, а потоа повторно Шпанија стапи на сцена и рутински го заокружи натпреварот.
Милевска и Терзиевска постигнаа по четири поени.
Македонија ќе мора брзо да ги консолидира редовите затоа што утре во 18:30 ќе се соочи со Азербејџан.










