Одбојкарите продолжија победнички: Исланд „решен“ во три сета, Грција е следен предизвик

87

Убедлив настап и убедлива победа на нашата машка одбојкарска репрезентација во третиот натпревар од новата сезона од Европската лига. Македонија денеска славеше со 3:0 над селекцијата на Исланд, во првиот меч од турнирот во Глифада во Грција. За момците на Миленкоски, ова е втора победа во годинешното натпреварување.

МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД   3:0 (25:21, 25:23, 25:19)

Првите два сета донесоа мала неизвесност, но нашите момци успеаја рутински во финишот да дојдат до посакуваната разлика за освојување на сетовите. Исланд се обидуваше да парира, но евидентно беше дека Македонија е решена брзо и ефикасно да го заврши дуелот.

Во третиот сет слична разврска, со тоа што во најголемиот дел од сетот имавме пристојна предност од 4-5 поени. Во последната фаза на сетот успеавме да го засилиме темпото, да дојдеме до 20:13 и практично да го отвориме патот кон втората победа.

Уште едно извонредно издание имаше капитенот Никола Ѓоргиев кој реализираше 24 поени. Костиќ со 10 и Савовски со 7 поени беа исто така меѓу најдобрите поентери. Утре во истата сала се среќаваме со фаворитот Грција во обид да направиме изненадување.

ПретходноЦветковиќ стана најскап играч на Вардар, ама Вардар не го задржа
СледноМилевски потврди: Имам разговори со Шкендија!