Најтрофејниот фудбалер на светот Дани Алвес ќе има нов клуб. По раскинувањето со Сао Пауло, легендарниот бразилски фудбалер сака да продолжи да игра дури и цели на Мундијалот во Катар после кој планира да се повлече.
Новиот клуб на Алвес би требало да биде Флуминенсе кој доставил понуда, а некогашниот фудбалер на Барселона ќе ја прифати, пренесуваат бразилските медиуми.
Алвес кој има 38 години, ја почна кариерата во Баија, но уште млад замина во Европа, прво во Севиља, па Барселона, играше и за ПСЖ и за Јувентус па потоа се врати во Бразил со тоа што го облече дресот на Сао Пауло. Дојде моментот двете страни да раскинат затоа што клубот не сакал да му го продолжи договорот, а Флуминенсе кој е четирикратен шампион на Бразил излегол со конкретна понуда.
Алвес за соиграчи ќе ги има ветераните Фред , екс-фудбалерот на Лион, потоа Абел Хернандез, поранешен фудбалер на Палермо и ЦСКА Москва, Гансо, екс-фудбалерот на Севиља, Сао Пауло и Сантос, потоа Раул Бобадиња, поранешниот крилен напаѓач на Менхенгладбах, Базел, Јанг Бојс, Аугзбург…