Никола Најдовски во дресот на Лапи

151

Досегашниот играч на тимот на Тиквеш, Никола Најдовски ќе го има својот прв интернационален предизвик во кариерата. Левиот бек е нов член на тимот на Лапи од Косово, каде што пред само еден ден потпиша и Али Адем.
Најдовски летово се одлучи да си замине од неговиот матичен клуб, и да си ја проба среќата во некоја друга средина.
Се одлучи за Косово, каде што во изминатиот период заиграа доста наши интернациоиналци и тоа со голем успех.
Најдовски е некогашен македонски младински репрезентативец, а настапуваше и за Бопрец односно Кожуф.

ПретходноПораз на одбојкарките од Азербејџан
СледноШишенце вода на стадионите на СП чини 6 долари, пиво трипати повеќе